Македонија „брка“ победа во Украина за пласман на ЕП

0
743

Ракометната репрезентација на Македонија попладнево го игра петтиот натпревар од квалификациите за Европското првенство во Хрватска 2018. „Црвено-жолтите“ гостуваат во Украина во обид да стигнат по првите бодови на теренот на ривалот и да обезбедат учество на ЕП.

Од повиканите играчи поради повреда отпадна Велко Маркоски, а во Скопје останаа и голманите Никола Митревски и Мартин Томовски, како и бекот Горан Крстевски.

По вчерашниот триумф од 27:24 над Исланд Чешка е пред пласман на ЕП и ќе навива денеска за Македонија. Во случај нашите ракометари да победат Македонија и Чешка како две првопласирани селекции ќе обезбедат пласман на првите две места во групата и на ЕП. Во тој случај дуелот во Скопје ќе биде само за меѓусебен престиж и евентуално, која селекција во кој „шешир“ од извлекувањето на групите ќе биде.

Дуелот Украина – Македонија почнува во 18 часот по македонско време.

Коментирај