Македонец со факти ги замолкна негаторите: Стерјовски на „Топ ченел” им ги затвори устите на Албанците (ВИДЕО)

0
7287

Eден од главните оперативци на партијата на Македонците во Албанија, Васил Стерјовски на гостувањето во емисијата „Топ стори“ на националната албанска телевизија „Топ ченел”, ги замолкна негаторите на македонскиот народ, кои твдат дека Тито и дал држава на Македонија во 1944 година.

Стерјовски жестоко и со факти застана во одбрана на македонските интереси, па во емисијата изнесе документи од италијанско, француско и бугарско потекло, кои сведочат дека Македонците во пограничниот регион, или поточно во Гора, Голо Брдо, Врбник… уште во 1923 година се изјаснувале како Македонци, а не како припадници на друг народ, иако во тој период немаме македонска држава.

Ова негово излагање не им одеше во прилог на неговите соговорници кои во неколку наврати се обидоа да го прекинат во изнесувањето на фактите.

Коментирај