Мајтап: Факти по кои знаеш дека си од Македонија

0
439

– На сопствената венчавка познаваш една третина од гостите.
– Секоја свадба почнува со песната “Ерген одев мила мамо”.
– Имаш барем еден роднина со кого си скаран.
– Во домот имаш календар со светци.
– Мислиш дека се е некаква завера.
– Мајка ти уште од мал те учи дека провевот убива.
– Во домот ракијата служи за лекување на сите болести, за прослави, за сите пригоди и како лосион за масажа.
– Баба ти никогаш не го прифаќа фактот дека не си гладен.
– Кога ќе запознаеш странец прво го учиш да пцуе.
– Кај баба ти мора да изедеш супа, сарми, печење, салати, гибаница,печена пиперка со лук, пача и ванилици и никако не смееш да оставиш нешто во чинијата.
– Кога си бил мал ти велеле дека ќе ти порасне опашка ако пиеш кафе.
– Кога ќе видиш бебе, мора прво да го поплукаш три пати.
– Кога си бил мал те плашеле со вештерка.
– Ако дремнеш попладне, мора да ја покриеш половината.
– Мајка ти не ти дава да пиеш студена вода кога си испотен.
– Удираш по маса и кршиш чаши кога си пијан.
– Ако реченицата „Немој да се смееш, подоцна ќе плачеш“ ти изгледа логично.
– Една недела по Божик или Велигден имаш сарми за ручек.
– Живееш во земја во која ќотекот излегол од рајот.
– За време на ручек, се јаде цел леб.
– Ракија се пие пред појадок, за циркулација.
– Родителите го менуваат каналот ако има бакнување на телевизија.

Извор:taratur

Коментирај