Мајсторијата на Роналдињо и Меси – Пред 14 години Лео го постигна првиот гол за Барса, а вчера испиша нов рекорд!

0
232

За љубителите на Барселона, 1 мај е повеќе од празник на трудот.

Ова е датум што ќе остане запишан во историјата на клубот со златни букви како ден кога Лионел Меси го постигна својот деби гол за Барселона.

На 1 мај 2005 година, Барселона беше домаќин на Албасете и славеше со 2:0 пред 91.174 гледачи на Ноу Камп. Меси влезе во игра наместо Самуел Ето кој го постигна водечкиот гол во 66. минута.

Малиот аргентинец ја искористи мајсторијата на Роналдињо во 90-тата минута и го лобуваше голманот на Албасете Раул Валбуен за конечен резултат.

Точно 14 години подоцна, Меси постави неверојатен рекорд.

Аргентинецот досега постигна 598 гола за Барселона, а против Ливерпул синоќа беше стрелец на два гола за својот тим во победата од 3-0 и стигна до бројката од 600 голови за Барселона и испиша нова историја и нов рекорд…

Потсетување на далечната 2005 година и првиот гол на Меси за Барселона….

Коментирај