Мајка роди близначиња со два месеци разлика

0
289

Во северна Италија се случи една ретка ситуација кога близначиња се родиле во временски интервал од два месеци.

Имено, Алесандро се родил предвремено на 24 декември 2018 година во шестиот месец од бременоста, а пак Андреа се родила во осмиот месец, на 22 февруари годинава.

– Мајката и бебињата се добро и ќе излезат од болница за неколку дена. Ова кај нас се случува првпат, изјави раководителот на Фондацијата за дете и мајка во градот Монца.

Така, близначињата ќе го слават роденденот во различен месец и различна година.

Извор:Република

Коментирај