Мајка од Скопје моли за помош да го пронајде синот – излегол вчера и никаде го нема (ФОТО)

0
264

Мајка трага по својот синот откако вчера вечерта излегол од дома и не се вратил.

-Ве молам помогнете ми да го најдам моето синче. Излезе синоќа околу 20:00 часот и последен пат е виден во Ѓорче Петров (СК) во 22 часот. Излезен е со една бела Шкода, таблички SK1566AP. Ве молам помогнете ми, пишува мајката во објавата на Фејсбук.

Во коментарите таа додава дека телефонски не можат да го добијат од 7 часот утрово, а според неа помош немаат од полицијата.

Според коментарите на социјалните мрежи, автомобилот последен пат бил забележан денес околу пладне кај поликлиниката во Ѓорче Петров.

Извор: kurir.mk

Коментирај