Мајка со деца од Македонија снимена во Сирија: Државата да ни помогне тука не можеме повеќе да седиме

0
922

Албанската телевизија А2 вчера престојуваше во сирискиот камп Ал-Хол од каде објави и репортажа, а во неа се најде и жена од Македонија во кампот која бара помош од државата.

-Јас сум Ревајет Шахини од Македонија. Шест години сум тука. Имам шест деца. Ја повикувам државата да нè земе бидејќи тука не можеме повеќе да седиме, опасно е, вели за телевизијата Албанката од Македонија.

Според сознанијата на оваа телевизија, илјадници луѓе престојуваат во Ал-Хол. Жителите сметаат дека тоа е повеќе од камп, односно дека тоа е еден огромен затвор каде семејствата на борците на Исламска држава се заробени, изолирани и присилени да живеат во шатори, па им треба помош. Условите за живот се нечовечки. Опасноста е постојана.

74483880543128423188295527452864763658240n

Друга Албанка од Тирана тврди дека во кампот Ал-Хол има помалку од 20 албански семејства и таа исто така ја повикува државата да ѝ помогне, заедно со сите други семејства од Албанија да се вратат дома.

Извор: курир.мк

Коментирај