Маја Платнар: Уморна сум од шокови, тага, неправда, лоши вести… Земете ни ги душите, ама дајте ни бар еден ден одмор

0
771

Уморна сум! Уморна сум од шокови, од тага, од неправда, од лоши вести
Уморна сум да зборувам постојано за нечија вина, за туѓи грешки, за срамот кој го живеам

Срам ми е. Срам ми е да раскажам дека имав убав ден, дека сум задоволна од сработеното, дека си го сакам семејството, дека сум вљубена секоја секунда. Ми текнува на сите патриоти, на нивните семејства, на родителите на момчињата од Смилковско, на сите убиени во војната, ми текнува на сите сиромашни, болни… Уморна сум и срам ми е да раскажам дека сум уморна.

Ја сакам Македонија како член од семејство, ги сакам сите Македонци како најблиски роднини и сечија приказна ме гаѓа како моја да е. Ме уморува.

Земете ни ги душите, ама дајте ни еден ден одмор бар!

Фејсбук објава на Маја Македонка Платнар

IMG_20190316_212052_936

Коментирај