Магијата на Дизни професиите

0
187

Светот на Дизни е магично место. Сите ги знаеме ликовите кои живеат таму, сме растеле со бајките и приказните на Дизни и сме мечтаеле да шетаме во Дизниленд. Тоа е местото каде реалноста и фантазијата се делат, каде постои јасна граница штом влезете таму. Ваквото чувство не ги карактеризира само децата, туку и возрасните кои се дојдени во посета.

Токму на најмагичното место на светот, постои можност возрасните да ја имаат најмагичната работа и да уживаат во неа. Прочитајте какви работни места има во светот на Дизни.

disneyland-tickets__140518205906Архивист

Тоа е личноста која добива плата да знае апсолутно сè за Дизни и има задача да ги чува артефактите. Тоа значи дека треба да се архивира сè, почнувајќи од реквизитите кои се користат за филмови, па се до златните статутеки Оскар. Сите овие работи се чуваат во т.н. Disney Vault, игра на зборови преку која се асоцира на името на креаторот на овој магичен свет, а воедно значи сефот на Дизни. Всушнот не е тоа класичен банкарски сеф, туку место каде се складираат сите тие работи.

Пиротехничар

И за ова има плата во Дизни. Секоја вечер има вработени луѓе кои се задолжени да го притискаат старт копчето за анимација на посетителите. Но, работата не се сведува само едно копче. Пиротехничарот има задача да ја осмисли и геометриската фигура на огнометот на небото, синхронизирана со музика. Всушост, тоа е еден вид огнена уметност на небото.

disneyland-events-media-1200x430-03Специјалист за изгледот на Дизниевиот свет

Што значи тоа? Значи дека има човек задолжен за проверка на изгледот на вработените, дали костимите на Снежана, Пепелашка, Принцовите и други се закопчани како што треба, дали се пријателски расположени според правилата на Дизни.

Супервизор за сигурност

Има личности кои одат од едно место до друго, проверувајќи ги сите реквизити дали се сигурни и дали се во задоволителна состојба. А како поинаку да ги проверат, ако самите не седнат и не возат на лудата железница на пример.

Tуристички водич

Одлично е кога работата е уживање. Туристичките водичи на ВИП турите имаат задача да им го испланираат целиот ден на посетитетлите ако ја побараат таа услуга од нив. Предноста е што можат да се забавуваат кога сакаат и каде сакаат во забавниот парк.

au_gallery_disneyland_12_4f6ea6d8Карактери од приказните

Ова веројатно е една од најзабавните професии во Дизниленд. Вработените можат да бидат карактер од бајка, да се фотографираат со децата и да даваат автограми, а најинтересното е што можат целосно да се внесат во улогата.

www.hybread.mk

Коментирај