Магичното место каде што земјата и небото се спојуваат (ВИДЕО)

0
1462

Салар де Ујуни е единствено и прекрасно место на планетата Земја – проѕирно, солено, густо море кое изгледа како бескрајно огледало. Впрочем, овој дар на природата е и единственото место на кое обичниот човек може да оди во вода – толку е густа, што не може во неа да се потоне!

Салар де Ујини е лоциран во западна Боливија, претставува најголема солена рамница на светот со површина од 10.582 километри квадратни и се наоѓа на надморска височина од 3.656 метри. Салар де Ујини е дел од Боливискиот алтиплан на Јужна Америка. Алтиплан е висока висорамнина, која е основана во текот на издигнувањето на Андите. Таа опфаќа езера со бистра и солена вода, како и солената рамница опкружена со планини, без излез за дренажа.

Езерската тиња која е меѓу солта и заситениот солен раствот, претставува основна површина на Салар де Ујини. Солениот раствор е заситен со раствот на натриум-хлорид, литиум-хлорид и магнезиум-хлорид во водата. Покриено е со цврста солена кора чија дебелина варира меѓу 10 сантиметри и неколку метри.

Областа има релативно стабилна температура, од највисока која изнесува 21 степен Целзијусов во ноември, до 13 степени Целзијусови во јуни. Ноќите се студени во текот на целата година, со температури од минус 9 до плус 5 степени Целзијусови. Количината на врнежи исто така е ниска и изнесува од 1 до 3 милиметри месечно во период од април до ноември, што може да се зголеми и до 70 милиметри во јануари. Сепак, освен јануари, во текот на дождливите сезони бројот на врнежливите денови е помал од 5 месечно.0

Салар практично е лишен од каков било  животински и растителен свет. На тоа подрачје доминира џиновски кактус, кој расте околу 1 сантиметар годишно со висина до 12 метри. Останатите џбунови вклучуваат пилају, кое локалното население го користи како лек за катара, како и тола која се користи како запалливо гориво.

Уживајте во видеото:

Коментирај