Магарешни измет – сувенир кој го купуваат туристите во Хрватска за пет евра

0
68

Туристите кои го посетуваат местото Телашчица на островот Дуги Оток на хрватското приморје, може за сувенир да си купат магарешки измет.

Според сопственикот на продавницата за сувенири, станува збор не за обиечн измет туку за среќен, носи среќа и се вика Lucky Donkey Shit. Секое парче од овој магарешки измет се продава по цена од 40 куни или нешто повеќе од 5 евра.

Себастијан Jагиќ вели дека сувенирот одлично се продава. Вели дека изметот на неговите магариња го има низ цела Европа.

И началникот на општината Зоран Моровиќ ја поздравува продажбата на овој среќен измет и вели дека сувенирот е оригинален и доколку не беше добар немаше толку да се купува.

Станувало збор за посебно парче од целиот измет на магарето , кое било преполно со трева и не смрдело.

Коментирај