Магалуф на Мајорка: Луѓето се сексаат и секојдневно умираат – Таму е вистинска Содома и Гомора

0
4167

Магалуф е одморалиште на Мајорка кое не престанува да ги интригира светските медиуми поради развратните сцени кои ги гледаат и приредуваат туристите кои таму одат на одмор од сите краишта на светот.

Одморалиштето стана посебно интересно за јавноста откако на интернет се појави видео снимка на која млада Британка сексуално ја задоволуваат дваесет мажи во замена за бесплатен пијалок.

Кога и како овој остров успеа да се претвори во европска Содома и Гомора се обиде да дознае екипата од Vice, која го интервјуираше човекот кој летувањата од детството ги поминувал токму таму.

„Од некои непознати причини моите родители одлучија да летуваме во Магалуф, иако сите мои пријатели и соседи одеа на други места. Летата ги минував опкружен со пијани Британци кои се сексаа и аздисуваа како животни“, ја започна тој својата исповед.

Вели дека не знае кога Магалуф се претворил во Содома и Гомора, но се сеќава дека на почетокот од 1990-те било мирно и идеално место за семеен одмор. После некое време алкохолот таму можел да се купи во продавница заедно со крпи за на плажа и наметки со апликаци од огромни гради.

„Често од нашиот апартман можевме да видиме парови како се сексаат на терасите или во собите без никакво криење“, додава типот и открива уште побизарни детали.

„Таму постоеја три клуба кои го сочинуваа своевидниот шпански триаголник и луѓето таму буквално исчезнуваа. Се сексаа насекаде, верувам повеќе отколку сега, бидејќи немаше интернет и мобилни со кои би се снимале тие сцени. Како дете постојано гледав како луѓе имаат секс по улиците или плажите, а полицијата никогаш не реагираше“, открива тој.

И во тоа време проститутките биле насекаде, а сексуалното насилство било во пораст. Смртните случаи биле секојдневие, а имало и дрвено мовче од кое секоја недела по едно лице паѓало во морето и си го кршело вратот, бидејќи пијаните туристи постојано се фрлале главечки во плиткиот дел од морето.

„Таму бев само во лето, но сликите се уште свежи. Како да сум го поминал цело мое детство таму“.

Извор: Taratur

Коментирај