Мафини со сланина

0
441

Потребни производи за 12 порции:

  • 6 парчиња леб (најдобро тостер)
  • 12 јајца
  • 12 парчиња сланина
  • масло за мачкање
  • црн бибер
  • црвен пипер

Начин на подготовка:
Намачкајте го секое гнездо од тавата за мафини со малку масло и на дното ставете ја средината од половина кришка леб. Потоа оформете преградата со парче сланина.
Зачинете со црн бибер и црвен пипер па ставете едно јајце.
Печете во загреана рерна на 180 степени, додека јајцето се зготви.

На здравје!

Коментирај