Мафијашко убиство за обична караница во Чаир

0
1084

Вербална расправија била причина за мафијашкото убиство, кое се случи вчера доцна попладне во скопската населба Чаир. Убиен е дваесет и четиригодишниот Бурим Идризи, по вербална расправија.

Настанот се случил во непосредна близина на местото на живеење на сега починатото лице, на улица Џон Кенеди спроти Средното училиште Цветан Димов во скопската населба Чаир. Првичните сознанија се дека пукањето следело по вербална расправија помеѓу сега починатиот и сторителот, по што сторителот посегнал по огнено оружје и го застрелал 24 годишното момче. Од здобиените повреди кај жртвата настапила смрт. Стоителот се дал во бегство, соопштуваат од ОЈО.

По наредба на јавен обвинител биле земени траги од место на злосторството, кои ќе бидат предмет на обработка во текот на истрагата. Издадена била и наредба за обдукција на телото на починатиот.

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека работи на утврдување на фактите во кривично правниот настан за што јавноста ќе биде дополнително информирана.

Идризи и убиецот претходно имале вербална караница, но засега нема информации што е причина за караницата меѓу нив.

Во околу 17.40 часот на улицата Џон Кенеди, веднаш спроти училиштето Цветан Димов, Идризи бил ликвидиран, откако во него било пукано од автоматска пушка од возило во движење.

Првичните неофицијални информации велат дека егзекуторот на Идризи убиецот бил со автомобил марка „југо“.

По злосторството убиецот побегнал.

Коментирај