Маестрална изведба: Некст Тајм ја преработија „Што и да е ќе помине“ од Владо Јаневски (ВИДЕО)

0
276

Популарното македонско музичко дуо, Некст Тајм им приреди изненадување на фановите во овие моменти кога сите седат дома. Тие ја преработија познатата песна на Владо Јаневски „Што и да е ќе помине“, како потсетување дека мораме да бидеме силни и оти „болката не значи да се предадеш, ме имаш мене и гушниме“.

Слушнете ја оваа маестрална изведба на браќата – близнаци Мартин и Стефан од групата Некст Тајм кои во миговите на самоизолација, полициски час, вонредна состојба, пандемија од коронавирус и слични депресивни околности со кои најголем дел од популацијата е опседнат, во својот дом го снимија ова прекрасно видео:

Коментирај