Луксузна кампања: СДСМ на Фејсбук плаќа по 27.000 евра дневно т.е. 10 пати повеќе од која било друга политичка опција (ФОТО)

0
291

Од сите политички партии кои учестуваат на вонредните парламентарни избори СДСМ убедливо најмногу има потрошено на рекламирање на Фејсбук. Само во текот на вчерашниот ден партијата „спонзорирала“ 710 платени политички реклами. За споредба, Зоран Заев на својот профил имаше 150 платени кампањи, додека неговиот противкандидат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски има само 9 такви кампањи.

Дека владејачката СДСМ го одврзала кесето за реклами на Фејсбук покажува и тоа дека Љупчо Николовски имаше 120 платени реклами во моментот, Мила Царовска е со 97, Сања Лукаревска 75, додека Фејсбук кај Оливер Спасовски пријави 48. Владејачката партија се рекламира на Фејсбук и преку „локалните“  профили, па така страната „Градска организација на СДСМ – Скопје“ имаше 10 активни „бустирања“.

За разлика од СДСМ, евидентно е дека ВМРО-ДПМНЕ има помалку активни платени реклами кај оваа социјална мрежа. Па така, Фејсбук кај Гордана Силјановска Давкова открива само шест платени кампањи во моментот, кај Александар Николоски и Игор Дурловски имаше по 12, кај Владо Мисајловски по 19, а кај Тимчо Муцунски се седум. На фан-страните на општинските комитети како и кај Унијата на млади сили немаше ниту една платена реклама.

Кај останатите партии кои се влезени во трката на вонредните парламентарни избори партијата Беса, предизборниот коалициски партнер на СДСМ, има 6, додека ривалот ДУИ само 7 платени реклами. Кај лидерот на Беса, Билал Касами, има дури 74 такви бустирања во моментов, а кај претседателот на ДУИ, Али Ахмети, само четири. Кај кандидатот на ДУИ за премиер Насер Зибери нема ниту една платена реклама до синоќа. Вакви кампањи се платени и од страна на Интегра, вкупно 15, а новоформираната партија Твоја партија има бустирано 13 такви кампањи.

Што се однесува за цената која може да биде платена за бустираните постови зависи од разни параметри, а најповеќе од тоа до колкава група на луѓе содржината треба да биде испратена. Пред само пет дена на Фејсбук се појавија фотографии на кои јасно се гледаат направените пресметки за тоа колку владејачката СДСМ одвојува на рекламирање на социјалната мрежа.

На дневна основа, СДСМ за реклами на социјалната мрежа Фејсбук плаќа по 27.000 евра

Социјалната мрежа Фејсбук од март годинава ја додаде и Македонија на листата на земји за кои е потреба авторизација за реклами за општествени прашања, за изборни и за политички реклами.

Коментирај