Лудница во Даблин: На аеродром бркаше авион како да брка такси на улица

0
351

Полициските служби на даблинскиот аеродром имаа ситуација во која се случи прилично необичен инцидент кога патниккој очигледно задоцнил на летот, го поминал терминалот, излегол на пистата и почнал да трча кон авионот кој се подготвувал за полетување, како да брка такси на улица.

Како што пренесуваат ирските медиуми, станува збор за 20-годишен ирски државјанин кој задоцнил на летот на „Рајанер“ за Амстердам.

Најпрвин се обидел да ги убеди вработените на аеродромот да го пуштат, но гејтот бил затворен затоа што веќе авионот се подготвувал за полетување. Потоа тој започнал очајнички да удира по прозорот од терминалот и да му вика на пилотот да го сопре авионот.

Со оглед на тоа што авионот продолжил со подготовките за полетување, Ирецот истрчал низ терминалот, ја отворил вратата и излетал на пистата извикувајќи „Чекајте“.

Тој бил „решен“ да го стигне авионот, иако веројатно и немал план како би се качил дури и кога би го стигнал, а според изјавата на еден од сведоците, во рацете го носел и својот куфер. Тој пред да стигне до авионот веќе пристигнале два полициски автомобили и едно комби.

Полицајците веднаш го фатиле и тој веќе се наоѓа во притвор од каде што ќе се соочи со кривична пријава. Поради овој инцидент, авионот на летот од Даблин до Амстердам задоцнил 20-тина минути.

Извор: taratur.mk

Коментирај