„Луда марта“ ќе ве разочара: Денес и утре сончево, од вторник целосен пресврт во времето

0
341

До вторник претпладне ќе се задржи стабилно, суво и топло време. Во вторник во попладневните часови ќе има услови за локален дожд со грмежи, особено во планинските подрачја. Во среда ќе има зголемена облачност со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер, што во следните денови ќе услови позначително намалување на дневната температура, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени.

Во Скопје сончево и топло време, со максимална температура до 23 степени.

Извор: kurir.mk

Коментирај