Љубовта сега ни е најпотребна, повеќе од кога било…

0
219

Денес, повеќе од кога било, на светот му е потребно исцелување. Денес, повеќе од кога било, потребна ни е љубовта и нејзината исконска сила. Денес, повеќе од кога било, потребно ни е да си го чуваме мирот во себе.

Затоа што сѐ се менува и нѐ враќа во некои дамнешни времиња. Се враќаме на она што одамна го имавме изгубено и заборавено.

Сега, во овие моменти, сите ги преиспитуваме приоритетите. Го одвојуваме важното од неважното. И некои од нас можеби и првпат навистина ќе сфатат што е важно и што им е најважно во животот, а што само мислеле дека е важно, а навистина не е.

Ова е големото рестартирање на светот. Враќање на некои основи. Онака како што е замислен овој свет. Враќање на хармонијата. Човекот. Балансот на душата и телото. Човекот и природата. И едни кон други.

И повик за сите ние да нурнеме во себе, да се преиспитаме, да се избалансираме. И да замислиме нова иднина. Можеби потполно различна од она што сме го замислиле. Сите ние да пронајдеме благодарност и љубов во себе. И сочувство. Да заборавиме на замерките, осудите и да исцелиме стари рани. Да го отфрлиме минатото од нашиот грб.

И да го слушнеме повикот за некој Нов свет. Некоја нова иднина која е подлабока, поквалитетна, со повеќе смисла. Полна со љубов без која не можеме и од која сме создадеме. И без која ние го немаме она што е најважно, она што нѐ обединува.

Ова е време на големи промени, па извлечете го најдоброто и највредното од сето ова. И разбудете го најважното чувство кое го имате во вашето срце. Прегрнете ја љубовта, нека ве исполни во целост. Дозволете очите да ви сјаат со сјајот на љубовта. И испратете ја на другите. Сега ни е потребна повеќе од кога било.

Да го направиме тоа. И да го дадеме нашиот придонес. Да ѝ помогнеме на планетата. И да ѝ се заблагодариме што ни го дава животот. Да ѝ ја возвратиме љубовта и да си ја споделуваме љубовта едни со други. И да бидеме светлината која сега највеќе ни е потребна.

Коментирај