Љубовта привлекува љубов- лекции кои сите треба да ги знаеме!

0
2135

1. Треба да ги примате разликите во начинот на кој луѓето размислуваат.
2. Работете напорно. Ќе се чувствувате неверојатно кога ќе дадете најдоброто од себеси на светот околу вас.
3. Никогаш не жалете за минатиот ден туку обидете се да си извлечете поука од него за денешниот.
4. Една врска никогаш нема да се „исцрпи“, ако и двајцата не престанете да се развивате како личности.
5. Не задржувајте ги проблемите во себеси туку зборувајте за нив. Тоа навистина помага. Кога ќе се отворите пред вистинските луѓе, ќе забележите колку полесно ќе ви биде да ги решите.
6. Ако навистина сакате некого, му го кажувате и покажувате тоа секој ден.
7. Ставајте на страна 15% од секоја плата. Нема да зажалите.
8. Секој предизвик со кој се соочувате, е подарок од кој можете да научите, дури и да не ви изгледа така во моментот.
9. Ако мислите дека му се допаѓате на еден маж и исто така тој ви се допаѓа вас, тогаш направете нешто. Не чекајте, бидејќи можеби нема да имате втора шанса.
10. Родителите ќе стареат многу побрзо отколку што замислувате. Сакајте ги и грижете се за нив.
11. Негувајте ги малите моменти. Тие ќе бидат нај запаметени.
12. Читајте што е можно почесто и експериментирајте со различните жанрови.
13. Не стојте на едно место, чекајќи нешто да се случи или некој да се појави. Животот се случува, затоа излезете од зоната на комфоротот и видете што ќе се случи.
14. Дружете се со добри луѓе кои се грижат за вас и со такви кога ќе ги побарате на телефон во 2 часот ноќе нема да имаат проблем да разговараат со вас.
15. Поминувајте повеќе време надвор. Сонцето прави чуда за расположението и здравјето. Тоа е природен лек кој многу често го потценуваме.
16. Негувајте се себеси.
17. Не го потценувајте здравјето. Може сега да сте млади, но за да се чувствувате добро и по неколку години, треба да почнете да се грижите за себеси уште сега. Започнете со мали промени и постепено ќе забележите позитивен ефект врз вашата физичка состојба.
18. За да ја најдете среќата и љубовта, прво почнете од себеси. Променете го начинот на кој гледате на себе и ќе видите како другите ќе почнат да ве гледаат. Љубовта привлекува љубов.

Коментирај