Љубовта е два збора

0
1194

Љубовта е два збора! Два, но толку значајни.

Љубовта е во зборовите „Те сакам!“

Љубовта е во зборовите: „Чувај се!“

Љубовта е во зборовите: „Ми недостигаш“

Таа е во оние нежни зборови: „Прекрасна си!“, без разлика како навистина изгледаш.

Љубовта е во зборовите: „Те чекам!“

Љубовта е во зборовите: „Прости ми!“

Љубовта е во зборовите: „Извини душо!“

Љубовта е во зборовите: „Ти простив!“

Токму така, љубовта е само два збора. Најважните, највредните, највистинските зборови на светот!

Љубовта е во зборовите: „Те обожавам!“

Љубовта е во зборовите: „Те гушкам!“

Љубовта е во зборовите: „Си доаѓам!“

Љубовта е во зборовите: „Добра ноќ!“

Љубовта е во зборовите: „Добро утро!“

Љубовта е во зборовите: „Единствена моја!“

Љубовта е во зборовите: „Засекогаш заедно!“

Љубовта е два збора, но уште поважно не кои се зборовите туку кој и како ги кажува.

 

Коментирај