Љубомир Цуцуловски: ЗА УШИ И…

0
1890

ЗА УШИ И… Веднаш да се провери, без какво било одлагање, дали во описот и пописот на работните задачи/функции на министерот/министерката за труд и социјална политика стои дека лично тој/таа треба да го менува/става паното на кое е испишано името на Министерството и на Државата Македонија. Ако тоа не е во негов/нејзин домен, тогаш веднаш одговорните служби/службеници да се фатат за уши, прописно да се казнат и да се истераат од работа. Доста македонската јавност веќе десетина дена ја тормозат и ја замајуваат дали паното било наследено во таква состојба или не; дали минесторот/министерката треба да бидат казнети; дали треба да се сменат; дали…?

Доста е со овие инфантилни ступидности, за кои, како пијани за плот, се држи и власта и опозицијата, во ситуација во која: (а) не дојде до самораспуштање на Собранието, онака како што беше договорено; (б) во која тие што беа против промена на името, гласаа за ратификација за прием на Државата во НАТО, според новото име и во која веќе не се знае кој што прави, ако некој воопшто нешто прави. Доста е веќе со лигавења, взаемни обвинувања и невидени арлекинијади.

Фејсбук објава на Проф.д-р Љубомир Цуцуловски

Коментирај