Љубомир Цуцуловски: ПОДМЕТНУВАЊЕ!

0
568

ПОДМЕТНУВАЊЕ. Да не беше дотичниот Trajche Petrushev, со својот коментар на профилот на Љупчо Палевски, не ќе знаев дека покрај досегашниот брат имам и друг, трет брат, кој имал синови, на кои сум им бил и стрико.

Уште помалку ќе знаев дека брат ми (оној за кого досега не знаев) живеел во населбата Стрелиште (градот не се наведува), а уште помалку ќе знаев дека во презимето на нашето семејство ја нема буквата „В“, односно дека сме се презивале Цуцулоски, а не Цуцуловски, како што досега мислевме.

Сепак, нека му биде простено, како и на оној кој го дозволил коментарот на неговиот профил. Во случајов, тоа е Љупчо Палевски, бидејќи веќе зачекоривме во празникот Св. Трипун, па секој има право на свое пијанство, на свое размислување, свое пишување и свое коментирање, макар било и сосема неточно. Затоа, нашиот народ има убава поговорка – треба двапати да се одмери/провери, пред нешто да се пресече, односно тврди.

П.С. Во прилог го постирам коментарот на извесниот Trajche Petrushev. Секое добро, пријателу, кој и да си.

Пишува: Љубомир Цуцуловски на Фејсбук

FB_IMG_1550096840218

Коментирај