Љубчо Георгиевски: Бугарските политичари како да се натпреваруваат кој ќе биде поарогантен спрема Македонија

0
195

Последната година како да беше меден месец во македонско-бугарските односи, што не можеше да се замислат пред 15-20 години, изјави во интервју за бугарската ТВ Европа поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски.

Но, за жал, според него, како политичар кој 30 години наназад кога ќе го прашале кој е виновен за македонско-бугарските односи, секогаш бил критичен кон македонската страна и секогаш кажувал дека во Македонија има антибугарска политика, дека има Македонија не може да се одели од југословенскат политика и оти секогаш од бугарската страна се правеле позитивни чекори. И сето тоа го чинело негативни поени пред македонските гласачи.

-За жал, денеска дојде време кога можам да кажам дека во последната година за мене се случува еден нерационален пресврт. Од македонската страна има позитивни сигнали, а од бугарска страна имам чувство како бугарските политичари од највисоко ниво, преку министри, европратеници, како да се натпреваруваат кој ќе биде поарогантен спрема Македонија и кој ќе демонстрира поарогантен однос спрема Македонија, изјави Георгивеки.

Врвот на таа нова, негативна политика на Бугарија спрема Македонија е резолуцијата на Народното бугарско собрание, донесена пред локалните избори во соседството и пред одлуката на ЕУ за почнување преговори за членство на Македонија во Унијата.

-Да ве потсетам, Декларација, што ја потпишавме со господинот Костов ја преговаравме пет-ѓест месеци и беше двостран документ, Договорот за пријателство можеби пократко се преговараше, можеби два-три месеци и беше прифатена од двете страни. Сега одеднаш имаме едностран документ и едноставно, ако го погледнете суштински, па и правно-формално практично ги поништува и Декларацијата за пријателство и Договорот за соработка, практично се што досега беше постигнато. Во резолуцијата има едностраност, има тафтологија, име непотребни нешта, изјави Георгиевски.

Тој потсети дека со резолуцијата сега се бара Македонија со некаков договор повторно да каже дека името Северна Македонија не значи претензија спрема Пиринска Македонија. Според него, името Северна не е ставено од ќеиф или да и се наштети на Бугарија, туку затоа што требало да се најде достоинствено име. И досега од најголемите националисти во Македонија нема слушнато дека името Северна Македонија треба да значи претензии спрема Бугарија. Тоа единствено се слуша од бугарски политичари и најверојатно ако продолжат така, некому ќе му всадат дека е тоа навистина така.

-Тоа е проблем каде што нема проблем, рече Георгиевски.

Вториот момент, според него, е што со резолуцијата се бара повторно да се откажеме од македонското малцинство во Бугарија, што Македонија веќе го направила четири-пет пати и тоа двапати преку Договорот за пријателство и договорот за Добрососедство и двапати со Грција, со што се прави тафтолигија на некои работи, што досега се направени и потврдени.

Извор: лидер.мк

Коментирај