Ловоров лист- магичен чувар на здравјето!

0
1539

Магичниот чувар на здравјето, ловорот, се користи како зачин уште многу одамна. Но, ловоровиот лист не се користи само како зачин кој го подобрува вкусот на голем број јадења.Листовите од ловорот се употребуваат и за лекување на болести.

Ловоровиот лист е полн со витамини и минерали. Најмногу има витамин А и витамин Ц, а од минералите најмногу има железо, манган, калциум, калиум и магнезиум. Мирисот на ловоровиот лист има инсектицидни особини, тој ги одалечува бубачките и затоа се користи и како средство против молци.

Лаворовите листови го подобруваат имунитетот, го зголемуваат апетитот, го подобруваат варењето, спречуваат настанување гасови во цревата, се користат при лечење на хроничен бронхитис и прелада. Ги намалуваат и комплетно ги отстрануваат реуматските болки, намалуваат воспаленија, одлични се за намалување на силни болки, отстрануваат габични инфекции, го чистат лимфниот систем, помагаат при лекување на проширени вени, имаат антивирусно, антисептично и анелгетско дејство.
Покрај употребата на лаворовите листови за подобрување на здравјето тие исто така се употребуваат и во козметиката за лекување на кожни болести, за отстранување на првут од косата како и за третирање на мрсна и проблематична кожа.
Превенција од канцер е една од главните својства на ловоровиот лист. Котехините во овие ливчиња имаат моќ да спречат мултиплицирање на канцер клетките, а истата улога ја има и нивното огромно антиоксидациско дејствп кое ги штити здравите
клетки од промени. Благотворно делува на срцето и крвните садови и со тоа заштитува од срцев удар.

Лек против висок крвен притисок:
10 листови ловор со 10 шолји (за кафе) вода се вари додека да се преполови течноста. Се процедува и се дели на три дела. Се пие пред јадење (трипати дневно), преку еден ден (секој втор ден).

Коментирај