Ловџија застрела колега во Крива Паланка

0
576

Вчера во полициската станица Крива Паланка било пријавено дека во болницата бил донесен М.Р. (57) со телесни повреди нанесени од сачми. По укажаната лекарска помош М.Р. бил пренесен во ургентниот центар – Скопје.

По преземените мерки било утврдено дека во село Баратлија на место викано „Чешмиче“, при лов на дивеч, Е.Ј. (33) од село Псача, со неколку сачми од ловна пушка, го погодил М.Р..

Полицајците му ја одземале пушката на Е.Ј. која ја поседувал со дозвола. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Коментирај