Лондон го виде Бостон, Леброн не ја ни ѕирна Канада (видео)

0
50

Торонто го демолира Кливленд со 133-99, се зацврсти на второто место на истокот од НБА и го оддалечи главниот конкурент за таа позиција на три триумфи што, на средина од сезоната е добра залиха. Репторси имаа седуммина двоцифрени, по што Кавси за кои Леброн Џејмс даде 26 поени втор пат неделава губат со огромна разлика. Што се однесува до лидерот во оваа конференција, Бостон тој во мечот во Лондон со голем пресврт ја совлада Филаделфија со 114-103, а во останатите два меча од скратената програма победуваа тимовите од ЛА. Клиперси во Сакраменто со 121-115, а Лејкерси дома со Сан Антонио со 93-81.

Коментирај