Логика на законот за јазиците: Што не е издејствувано во Охрид, може да се добие со упад во уставноста

0
127

Најважен е Суверенот односно граѓанството, тоа да ги има сите потребни информации за законот за употреба на јазиците од 2018 година, за да може да формира информирано и одговорно мислење и став за што се всушност преставува овој закон, пишува професорката Каролина Ристова Астеруд, која е и поранешен пратеник од редовите на СДСМ.

Законот според неа е многу важен и треба да се отстранат сите фалинки бидејќи како што вели „дотолку повеќе што законот има огромни импликации по непосредната и подолгорочната иднина на земјата, нејзиниот мир, стабилност и просперитет, за сегашните и идните генерации“.

– Од сите можни аспекти (правни, политички, економски, социолошки и културолошки), како што впрочем беа изложувани и аргументирани во досегашната дебата, иако непосакувана, нестимулирана и тенденциозно потиснувана од власта и целата нејзина медиумска логистика, додава Астеруд во својот став напишан на нејзиниот Фејсбук профил.

Според неа во срцевината на сите тие аспекти почетно е правниот аспект.

-Односно дали и колку овој закон е досега најтешката повреда и најсериозен упад во уставниот поредок на земјата, како и на Рамковниот договор од 2001 година, а кој пак, како мировен договор, беше меѓународно посредуван, верификуван и гарантиран, и, како таков, има правно- инструментална и суштинска улога во правното разбирање и толкување на уставно-правните решенија, особено оние амандманските од 2001 година. Сето тоа неминовно е поврзано и со поголемото и ептен сериозното прашање за судбината на самиот Рамковен договор.Дали и во кој опсег овој закон преставува негова повреда, со негово грубо пробивање и редефирање на решенијата споредлогиката „што не е издејствувано во Охрид, може да се добие со упад во уставноста“, и без следење на задожителниот пат на измени и/ли дополнувања на Уставот на РМ, смета Астеруд.

Таа вели дека ако некој веќе мисли дека се потребни некакви „надградувања и проширувања“, и да го презентира својот аргумент и предлог тоа треба да се прави како што е редот.

-И, секако, со поништување на политичките права на “едната половина„ парламентарно-политичкото преставништво на мнозинската етничка заедница на Македонците, и со истовремени најгруби политички уцени за владино коалицирање на парламентарно-политичкото преставништво на „другата половина“ од истата таа заедница, со апсолутна безобзирност кон сите други уставни начела, вредности, правила, па и слободи и права, сосе финансиските, и сето тоа како демек- формула за унапредување нечии права (а најмалку се работи за права).Сето ова како демек -формула за меѓуетнички соживот и почит, инаку нигде невидена така формулирана и применувана, всушност, обратно, сегде дефинирана и именувана како формула за конфликт. Сето ова веќе има и допрва ќе има огромна правно-политичка тежина, проблематичност и крајно лоши импликации, дотолку повеќе ако се земат во предвид околностите и условите како и зошто Рамковниот договор беше преговаран и договорен, и во значаен дел, преточен во Уставот, заклучува Астеруд.

Таа најавува: „Заради се погоре наведено, за сето заинтересирано граѓанство, во наредниот период, односно во деновите што ќе следат, се надевам на дневна основа, ќе се потрудам да подготвам своевиден водич низ лавиринтот на неуставноста на ЗУЈ 2018, една по една, а ја има од малтене прв до последен член, како што и досега беше истакнувано од многумина. Секако, не во форма и по стил „како за пред Уставен суд„ туку во форма и со стил за кои верувам дека се посоодветни и поприфатливи за пошироката јавност. Значи, повеќе организирана по тематската и концептуална поставеност на решенијата на ЗУЈ 2018 наспрема оние во Уставот и Рамковниот договор, и секако како рефлексија на поставуваните прашања и дилеми во јавноста, како истите беа адресирани и одговарани, во дел богами и со сеење магла и лажги, што е крајно нечесно спрема граѓанството во целина, па и кон сопствените гласач(к)и.“

loading...

Коментирај