Ливерпул испраќа скаути за Кулушевски

0
91

Италијанските медиуми пренесуваат дека играчот на Парма, Дејан Кулушевски со своите добри игри го привлекол вниманието на најголемите италијански клубови, како и на други европски гиганти.

Дејан Кулушевски има македонско потекло, но се реши да игра за шведската репрезентација. Оваа сезона игра фантастично во дресот на Парма и во јануари ќе се води „битка“ за неговиот потпис.

За неговиот потпис интерес покажуваат Интер, Милан и Јувентус, но сега во трката се вкучи и англискиот гигант Ливерпул.

Клубот од „Енфилд“ ќе испрати свои скаути во живо да го гледаат настапот на Кулушевски утре против Милан, а потоа „црвените“ ќе одлучат дали да испратат понуда во јануари.

Кулушевски има 19 години, на почетокот на сезоната од Аталанта пристигна во Парма како позајмен играч, а неговата цена во моментов изнесува околу 40 милиони евра.

Извор: sportski.mk

Коментирај