Ливерпул денеска го пречекува Стоук

0
530

Во англиската премиер лига денеска во рамки на 18 – то коло Ливерпул ќе ја пречека екипата на Стоук.

Досега црвените се наоѓаат на 3 – та позиција на табелата во Англија со освоени 37 бода, додека гостинската екипа на Стоук е 12 – то пласирана со освоен 21 бод.

Натпреварот на Енфилд Роуд во Ливерпул е со почеток во 18:15ч.

Во натпреварите кои се одиграа вчера: Вотфорд – Кристал Палас 1:1, Арсенал – ВБА 1:0, Барнли – Миделзборо 1:0, Челзи – Бурнемаут 3:0, Лестер – Евертон 0:2, Манчестер Ј. – Сандерленд 3:1, Свонси – Вест Хем 1:4 и Хал – Манчестер С. 0:3.

Колото ќе се комплетира утре со дуелот помеѓу Саутемтпон и Тотенхем.

Коментирај