Лицата кои измамија и злоупотребија 5 девојки во Охрид си добија кривични

0
642

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против К.К. (29) од Свети Николе и Н.Ц. (31) од Охрид, за сторени две кривични дела „злоупотреба на лични податоци”.

Во периодот на август и октомври 2017 година, пријавените во два наврати на две плажи во Охрид извршиле фотосесија на пет девојки од Охрид со изговор дека ќе бидат фотографирани за модна агенција од Р.Србија со цел да бидат избрани за манекенки, презентерки, фотомодели и снимање спотови.

За услугата им бил даден надомест од по 600 денари, а им биле фотографирани и личните документи. По ова во текот на 2018 година фотографиите и личните податоци на девојките, без нивно знаење и согласност биле објавени на веб сајт кој бил креиран за остварување контакти и интимни средби со девојки.

Коментирај