Лиснат зелник со кромид

0
353

Ете уште еден зелник од мојата кујна, мене лично со кромид омилен.
Во сад се става млака вода квасецот со шеќер и лажица брашно да се активира. Во друг сад за месење се става просеаното брашно, масло, сол и со нараснатиот квасец се замесува средно меко тесто. Тестото се дели на два дела, поголем за долната кора и помал дел со кој ќе се прави горната кора на зелникот. Од поголемиот дел се развлекува кора со дебелина од 5 мм и се мачка со маргарин. Виткањето на тестото за нели да е лиснат зелникот е прикажан во додатни фотографии зошто ме мрзи да пишувам а и посликовито е вака. На секое преклопување се мачка маргарин. Истото се прави и со другиот дел од тестото.

Филот јас го спремам пред да почнам со месење. Во тава на оган со масло се става исецканиот кромид, Најубаво е кромидот да е бучински, зошто тој е поблаг, а се препознава по округлите главички и се пржи додека не добие стаклест изглед, се додава сол и црвен пипер пред крај за да не изгори.

Се развлекува поголемата кора во форма на избраната тава за печење, само малку поголема, зошто со неа треба на крај да се формира витката на зелникот. Бидејки количината на тесто е голема јас ја избрав најголемата округла тава што ја имам за да не е висок зелникот (не знам која бројка е) ама кога купувавме беше најголема. Врз неа се става филот и од горе доаѓа убаво расукана втората кора која треба да е потенка и со неа се прават *фалтите* на зелникот. Јас оставам од маргаринот мали парченца кои ги ставам на зелникот пред печење и малку сусам. Се пече на 180 степени 20 мин и на исклучена рерна уште 5 мин убаво да истишти.

Совет – ако маргаринот не ви е на собна температура, може и да го рендате на покрупната страна од рендето наместо да го мачкате, се постигнува истиот ефект.

Е, па трк по јогурт и на здравје нека е

за 8 лица
Времетраење: 30 мин – 60 мин
Состојки
за тесто
1 кг брашно
1 коцка свеж квасец
4 лажици маслиново масло
2 лажички сол
1 лажичка шеќер
600 мл млака вода
250 гр маргарин
за фил
1 кг исецкан кромид
1 лажичка сол
1 лажичка црвен пипер
сусам

Извор: Моирецепти

Коментирај