Лила ограбена: Крадци и провалилте во домот и одзеле вреден накит!

0
790

Познатата македонска водителка Лила Филиповска е ограбена. Kрадец влегол насилно во нејзиниот дом во населбата Чаир и одземал дел од нејзиниот вреден накит, пренесе 1тв.

Моментално службите на МВР вршат увид на местото. За повеќе детали ја контактиравме Лила Филиповска, која ни ја потврди информација дека нејзиниот дом е ограбен.

– Да, навистина сум ограбена. Засега не можам да ви откријам повеќе детали бидејќи полицијата во моментов врши увид, беше кратката изјава на познатата водителка.

Како дополнителна потврда за овој немил настан е и објавеното „Story“ на Инстаграм профилот на познатата водителка каде е објавен принт-скрин од веста за грабежот.

Lila-Filipovska-ograbena

Инаку во моментот кога бил извршен грабежот, Лила вели дека домот бил празен. А крадецот, односно крадците го искористиле отсуството.

Коментирај