„Лидер“ неофицијално: Писмото на Сашо Мијалков го напишал Сашо Ораданоски!?

0
1622

Писмото кое денеска го испрати исклучениот од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков до претседателот на партијата Христијан Мицкоски е напишано од страна на новинарот на 1ТВ Сашо Орданоски, дознава „Лидер“ од извори блиски до поранешниот директор на УБК.

Како што објави порталот провладиниот новинар и братучедот на поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во последните неколку месеци негуваат исклучително блиски односи. Нашиот извор тврди дека Орданоски во изминативе месеци е главен политички стратег и стретег за односи со јавноста на Сашо Мијалков.

Инаку Сашо Орданоски доби 130 илјади евра од Агенцијата за филм за изработка на документарец посветен на владеењето на Никола Груевски во кој главен гостин е токму Мијалков.

Минатата недела Орданоски во неговата колумна посветена на медиумите кои известуваат критички за власта почна отстрел кон сите медиуми кои пишуваа за активностите на Мијалков во процесот на притисок, уцени, закани и потплаќање на пратениците кои гласаа „ЗА“ отворање на Уставот со цел промена на името Република Македонија.

Познаниците на Мијалков и оние кои во последните 20 години блиско соработуваа со него велат дека е јасно оти писмото не е напишано од него.

Целото писмо на Мијалков до Мицкоски прочитајте го ТУКА.


Отворено писмо на Сашо Мијалков до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Коментирај