Либертас: Никој од ВМРО-ДПМНЕ не дојде на координацијата кај Џафери за изборот на новата Влада

0
2220

Kај претседателот на Собранието Талат Џафери денеска се одржа координативната средба, која, според информациите од неговиот кабинет, била во функција на утрешната седница за избор на нова Влада. На состанокот не присуствувал претставник на ВМРО-ДПМНЕ, јавува Либертас.

Оливер Спасовски од СДСМ, Ејуп Алими од ДУИ, Весел Мемеди од Алијансата на Албанците, Бардул Даути од ДПА, Африм Гаши од Беса со спикерот Џафери го договарале редоследот на обраќање на претставниците на партиите по обраќањето на мандатарот.

Според Деловникот за работа на Собранието, мандаторот ја образложува програмата и предлогот за состав на Владата пред пратениците. По програмата и составот на Владата, Собранието води претрес најмногу два дена. Редоследот на пратениците кои ќе учествуваат во претресот го утврдува претседателот на Собранието на начин кој обезбедува учество во претресот на пратеници од различни политички партии застапени во Собранието, стои во Деловникот.  Гласањето за избор на Владата се врши по предлогот за состав на Владата во целина, со јавно гласање. Гласањето се врши по завршување на претресот, а најдоцна во 24:00 часот. Владата е избрана ако за неа гласало мнозинството од вкупниот број пратеници. Претседателот на Собранието го известува претседателот на државата за изборот на Владата.

Повеќе на: Либертас

Коментирај