Левински со сочни детали: Клинтон ми ги виде гаќичките, па имавме секс во бањата

0
435

Моника Левински се отвори и одлучи јавно да ги раскаже пикантериите што со години ја скокоткаат фантазијата на јавноста, од тоа како ја завел Бил Клинтон, до дамката на нејзиниот легендарен фустан.

Левински во нов документарен серијал признава дека за време на нејзините први денови во Белата куќа „паднала“ на претседателот на САД, честопати и флертувала со него, а во една прилика и намерно се облекла така да и се гледа долната облека за да му го привлече вниманието.

-На роденденска забава на вработен во Белата куќа, ми се гледаа гаќичките. Тоа никој друг не го забележа, но Клинтон го забележа, раскажала Левински.

Документарец

Левински објаснила дека одлучила да учествува во документарецот „Аферата Клинтон“, затоа што не сака никогаш нешто слично да и се случи на друга девојка.

Во епизода што ја гледале од „Њујорк пост“, Моника рекла дека воопшто не знаела дека има дамка на фустанот. Таа објаснила дека дамката останала после сексот со Бил Клинтон во бањата во Овалната соба, откако тој и подарил украсна игла за шешир и книгата „Лисја од трева“ од Волт Витман и ја опсипал со комплименти.

Секс во Овална соба

Моника се потсетила дека влегла во Овална соба со Клинтон и неговата секретарка, која за кратко ги оставила сами. Клинтон и ги дал подароците и и рекол: „Слатка си со тие свои шешири“.

-Се упативме кон бањата, каде што станавме уште поинтимни. Ми делеше комплименти, јас возвраќав. Дојдовме до точка кога тој во претходните средби секогаш би запрел. Застанав и прашав дали сака да продолжи. Тој конечно рече „ОК“ – раскажала Левински и додала дека тогаш имале секс, после кој таа го прегрнала и тој неа, по што си заминала.

Истиот ден излегла на вечера, но никој од луѓето што ги сретнала не и рекол дека има дамка по цел фустан.

ДНК

Кога се појавија информации за аферата, Клинтон негирал. Но, подоцна фустанот послужил како доказ, бидејќи на него останала ДНК на Клинтон, па тогашниот претседател на САД немал избор, освен јавно да ја признае дека бил со младата приправничка.

Скандалот наскоро стана глобален.

DailyHoustonNews@DailyHoustonNew

Monica Lewinsky details Bill Clinton affair, terrifying meeting with investigators in new doc http://dailyhoustonnews.com/2018/11/13/monica-lewinsky-details-bill-clinton-affair-terrifying-meeting-with-investigators-in-new-doc/ 

Коментирај