Летната приказна на Mango

0
559

Сите летни приказни треба да започнуваат вака:

Морски брег, природа… Замислете се рано наутро покрај Медитеранското море, идеално место за бегство од секојдневието за вашиот слободен дух. Во попладневните часови, свежиот морски воздух се судира со карпите, а атмосферата станува уште поинтимна.

Романтични и лежерни модели, плетени парчиња, принтови со етно мотиви и земјени тонови преовладуваат во пролет/лето колекцијата на MANGO.

Суштината на Медитеранот

Изгубете се во малото крајбрежно селце Деја на Мајорка. Место во кое растат маслинки и портокали на ридот над морето.

Идиличен пејзаж

Заливот е заштитен со карпи со борови – замислете го звукот на брановите кои заплискуваат на брегот и создаваат спокоен и мирен амбиент.

Расејување на сончева светлина

Кога ќе зајде сонцето, ноќите на Деја се претвораат во небесно бегство на море, „тонејќи“ до најтемната сина нијанса на хоризонтот.

Трендови за ова лето

Селекција на облека во која романтизмот го зазема центарот на вниманието, особено во кошулите и фустаните со флорални принтови, набори и деликатни ткаенини од шифон. Ви ги откриваме и принтовите со етно мотиви и везови кои се наоѓаат на фустаните и плетените блузи. Од модните додатоци ги издвојуваме чантите во облик на кошничка и уникатниот накит со деликатни морски елементи.

Извор:hybread.mk

Коментирај