Летале по автопатот: Нема да верувате со колкава брзина се движел автомобилот кој ја предизвика трагедијата

0
768

Популарниот музичар, Шабан Шаулиќ, почина утринава во ужасна сообраќајна несреќа што се случи кога пијан возач удрил во задниот дел од автомобилот во кој бил Шаулиќ.

Недалеку од градот каде што настапил, откако тргнале кон аеродромот, пред нив на автопатот се случила друга сообраќајна несреќа и тој дел од патот бил затворен, а возачот на автомобилот во кој бил пејачот, бил принуден да забави пред местото на несреќата.

Во тој момент, возачот кој ја предизвика страшната сообраќајка во која пејачот заврши трагично, кој инаку бил во алкохолизирана состојба и без возачка дозвола, го погодил возилото во кое бил во Шабан со музичарите Мирсад Кериќ и Бобан Стојадиновиќ.

Според неофицијални информации, Шабан претрпел и тешки телесни повреди, а згора на тоа и срцев удар, додека Мирсад е сериозно повреден, а лекарите продолжуваат да се борат за неговиот живот.

Бобан Стојадиновиќ, кој во таа прилика седел на задното седиште, добил помали повреди.

Како што гпишуваат германските медиуми, возачот кој го возел патничко возило што го погоди автомобилот во кој се наоѓал Шабан, управувал со брзина поголема од 180 километри на час.

Извор: курир.мк

Коментирај