Лесни медењаци

0
435

Состојки:
– 2 јајца
– 1 филџан масло
– 1 фиџан шеќер
– 1 лажичка сода
– 1 пакетче цимет
– 2 лажици мед
– 150 гр. брашно
– ореви

Подготовка:
Измешајте ги јајцата, шеќерот, маслото, сода бикарбоната, циметот и медот. Додадете го брашното. Направете мали топчиња. Ставете орев на врвот. Печете во загреана рерна на 180 степени се додека медењаците бидат готови.

На здравје!

Коментирај