Лепа Брена го возвраќа ударот: Саша Поповиќ ја „прозва“ дека пеела за 100 динари

0
589

Саша Поповиќ крена голем прав со изјавата дека ја извлекол Лепа Брена од беда. Во таа пригода, директорот на „Гранд“ откри дека пред влегувањето во неговата група „Слатки грех“ Брена пеела за „100 динари“, возела распаднат автомобил и дошла во Белград со куфер заврзан со јаже.

Се разбира дека не е вистина тоа што го кажа Саша“, рече Брена во почеток на разговорот со „Стори“, и додаде:

Во тоа време јас студирав шест месеци, а потоа дојде Саша да ме праша дали сакам да бидам дел од групата. Кога го виде татко ми, Сале имаше 45 кг сосе кревет и вратовска како палачинка околу вратот и некој костум. На тато не му изгледаше сериозно. Му беше несериозно да работам во некој таков бенд, така што не веруваше во тоа и едвај ми дозволи да работам со ‘Слатки грех’. Сепак, јас бев среќна што не го избрка од дома“, раскажа Брена.

Извор:република.мк

Коментирај