Ленче Ристовска: Со продолжено или панично движење подлабоко се тоне во живиот песок!

0
276

Обвинителката од СЈО, Ленче Ристовска вечерва на Фејсбук напиша статус на англиски јазик, со кој порача дека со панично движење се тоне подлабоко во живиот песок.

Интересен феномен. Со продолжено или панично движење подлабоко се тоне во живиот песок, напиша обвинителката Ленче Ристовска на својот Фејсбук профил, не назначувајќи дали статусот е посветен некому.

Инаку, по наредбата на шефицата на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева за претрес на обвинителите при влез и излез од зградата на СЈО, незадоволството меѓу вработените во обвинителството расте.

Коментирај