Лексус: Заев не е баш чист

0
420
Archbishop of Constantinople, Patriarch Bartholomew I looks on during his meeting with Georgian Orthodox Patriarch Ilia II, unseen, in Tbilisi, Georgia, Thursday, Jan. 10, 2013. Bartholomew I arrived in Georgia to mark the 80-year anniversary of the Georgian Orthodox Church. (AP Photo/Shakh Aivazov)

Разговорот со Зоран Заев не е сечен, лепен или изваден од контекст, вели за Република комичарот Алексеј Столјаров – Лексус, кој се преправал дека е украинскиот претседател Петро Порошенко во разговорите со Зоран Заев. Столјаров во снимките му предлага на Заев да му даде 100.000 евра мито на патријархот Вартоломеј, што Заев веднаш и без прашање го прифаќа, но подоцна премиерот тврдеше дека тој дел од разговорот бил исечен и изваден од контекст.

Ако Заев не се согласува со нас, најдобро за него би било да ја изнесе неговата верзија од разговорот. Ние не ги извадивме неговите коментари од контекст. Ние добро знаеме дека ако правиме така, тоа ќе биде проблем за нас, за нашиот углед. Ние не го обработувавме тој дел од разговорот. Но, да го прашаме, дали може да даде свој запис од разговорот, изјави Столјаров за Република.

Столјаров вели дека и Заев во својот политички подем користеше снимки, и тоа прислушкувани разговори од други политичари, и додава дека тоа, но и содржината од разговорите што ги имале со него, покажуваат дека Заев не е баш чист.

Tој користеше вакви тактики. И ние ги користиме, но ние не го прислушкувавме кога зборува со други водачи. Ние само го објавивме нашиот разговор со него, не користевме никаква посебна машинерија, го објавивме само нашиот разговор со него. Тој се преправа дека е паметен политичар, и би требало да биде подготвен на било која провокација. Заев и самиот користел валкани трикови, во нашиот разговор се зборува за корупција, за разни други работи. Тоа ви кажува дека тој не е баш чист. Тоа не беше нашата цел, но Заев си го покажа лицето. Не би сакал да кажам дали тој е во право или не, но се покажа кој е. Не се покажа во многу добро светло, барем според мене, можеби неговите гласачи ќе мислат поинаку, додава Столјаров.

Извор:република.мк

Коментирај