Лекарите со важна информација до родителите на Дарко Лазиќ по 36 дена- еве во каква состојба е пејачот

0
765

Дарко Лазиќ кој на 23 октомври доживеа тешка сообраќајна несреќа се уште се наоѓа во болница  во Земун.

Имено како што дознаваат српските медиуми  денеска лекарите на семејството им соопштиле дека пејачот веќе два дена нема температура и тоа е одлична вест за понатамошното оздравување на Лазиќ.

-Дарко одлично се опоравува. Мал проблем беше покачената температура која веќе ја нема. Белите дробови се сосема во ред, а тој е се повесел. Едвај чека да го напушти одделението на интензивна нега, вели изворот.

Инаку со Дарко Лазиќ работи и физиотерапевт кој вежба со фолкерот за побрзо да прооди.

Извор:kurir.mk

Коментирај