Лејно доби МВП награда, но се расплака: Нема утеха, бев опседната со тоа Вардар да освои титула

0
239

МВП играчот на Ф4 турнирот во Будимпешта, Амандин Лејно се расплака во последната изјава од унгарската престолнина.

Вели дека нема утеха и дека била опседната со тоа таа и Вардар да ја освојат титулата.

-Не, нема утеха. Никогаш досега не сум се оптоварувала со тоа да ја освојам титулата во Лигата на шампионите иако во мојата кариера немам таков пехар, но оваа година навистина бев опседната со тоа да ја освојам со Вардар. Од лани до годинава пораснавме многу, силно се боревме и горда сум. И сега ќе плачам, рече Лејно.

„Не е лесно да се победи и горда сум на она што го постигнавме. Покажавме дека сме еден голем тим и никогаш нема да го заборавам ова“, заклучи таа.

Коментирај