Легендата на Арсенал го заборави Монако и брзо си најде нов клуб

0
337

Тиери Анри, нема да остане долго без работа по неуспешната авантура во Монако.

Моментално тој преговара со МЛС тимот на Њујорк Ред Бул, а двете страни се блиску до договор.

Клубот верува дека Анри не само што ќе им помогне за подобри резултати, но, исто така, ќе добијат поголема популарност на глобално ниво.

Анри играше за Њујорк од 2010 до 2014 година и е фаворит на локалните навивачи кои би го поздравиле неговото назначување со огромен ентузијазам.

henry

Њујорк има само една победа од почетокот на сезоната во МЛС лигата и се на 9-то место во Источната конференција.

Со Анри, Монако беше во опасната зона и затоа по само три месеци доби отказ од клубот.

Коментирај