Легендарниот хрватски тренер Ќиро Блажевиќ: Во мене тече македонска крв!

0
389

Хрватската тренерска легенда Мирослав Ќиро Блажевиќ се уште неможе да прежали што во 2009 година кога беше назначен Мирсад Јонуз, не беше поставен за селектор на фудбалска Македонија.

Неговото име за водач на македонскиот национален тим се споменуваше и во 2005 година, пред да биде наименуван Слободан Сантрач. Наводно тогаш тој беше прескап за луѓето од ФФМ.

– Тогашниот претседател на Федерацијата (Хари Хаџи -Ристески н.з.) беше упорен за селектор да постави Македонец и ме одби. Можеш да замислиш, го одби Ќиро со целиот свој авторитет и со сите успеси што стојат зад него за некојси тренер кој морал да биде од Македонија. Неверојатно!

miroslav-ciro-blazevic

– Па и во мене тече македонска крв! Дедо ми е Македонец со потекло од Тетово. А ако тогаш бев поставен за ваш селектор сигурно ќе бевме први во квалификациската група и ќе игравме на завршницата на Европското првенство во Полска и Украина. Лесно ќе бевме први во групата и сега ќе го величавте Ќиро. Верувај ми, пред тој разговор со вашиот претседател секогаш кога играше Македонија ја гледав како своја репрезентација и навивав за неа, но откако ме одби, повеќе не е така – вели “тренерот на сите тренери” како што го нарекуваат во Хрватска.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

извор:ulica.mk

Коментирај