Легендарниот финец Мика Хакинен по 20 години се враќа во болидот на Мекларен!

0
177

Легендарниот Ф1 пилот од Финска, Мика Хакинен по 20 години пауза повторно ќе влезе во болидот на Мекларен во Формула 1.

Мика ќе се врати на трката во Јапонија, на легендарната Сузука каде пред две децении ја освои втората титула со славниот англиски тим.

Тој ќе се натпреварува на трката 10 часа Сузука во Мекларен 720С ГТ3 болид.

Хакинен освои две титули со Мекларен во сезоните 1998 и 1999, обезбедувајќи ги двете титули на патеката Сузука, пред да почне доминацијата на Михаел Шумахер со пет титули едноподруго.

Mika

Минатата година „летечкиот Финец“ повторно го возеше шампионскиот МП4/13 болид неколку круга во Сузука за да се одбележи 20-годишнината од првата титула.

50-годишниот Хакинен ќе вози на 10 часа Сузука покрај двократниот Супер Формула шампион, Хироаки Ишиура и Ф3 возачот Кацуаки Кубота.

Трката се оддржвува од 23 до 25 август.

Коментирај