Леброн: Треба повеќе да работиме

0
67

Најдобриот кошаркар на Кливленд, Леброн Џејмс, не беше многу задоволен по првата победа на неговиот тим остварена против Индијана во 1.коло од НБА плејофот.

Кливленд ноќеска славеше со 100:97 и изедначи на 1-1 во серијата прв до четири победи.

-Имавме среќа. Им дозволивме напад за изедначување, но за наша среќа го промашија последниот шут. За да одиме понатаму треба повеќе да работиме и да не дозволиме такви ситуации на следните натпревари. Најважно е што го изедначивме резултатот и со 1-1 одиме во Индијанаполис, изјави Џејмс.

Серијата продолжува ноќта петок кон сабота кога домаќин ќе биде Индијана.

loading...

Коментирај