Леброн разочаран по третиот пораз од Голден Стејт

0
132

Најдобриот кошаркар на Кливленд и еден од најдобрите во светот, Леброн Џејмс беше многу разочаран од поразот во третиот натпревар во финалната серија од НБА плејоф со Голден Стејт (102:110).

Тој ја посочи играта на Кевин Дурант, како клучна за триумфот на гостите.

– На вакви натпревари треба да се користи и најмалата шанса. Ви треба концентрација во секој момент од времето. Тоа ние не го направивме ниту на претходните, ниту на овој меч. Сега ни останува да се надеваме на чудо. Голден Стејт го има Кевин Дурант и тој ја направи разликата. Беше феноменален. Ова е тешка вечер за мене. Не знам како ќе заспијам, истакна Леброн по поразот од Хјустон рано утрово на домашен терен.

Џејмс кажа дека имал проблеми со глуждот, но потенцира дека ќе игра на четвртиот натпревар закажан за ноќта петок кон сабота.

loading...

Коментирај