Лажен профил на претседателот Иванов предизвика хаос меѓу амбасадорите

0
526

Шведскиот амбасадор во Македонија, Матс Стафансон беше првиот што се фати во замката поставена од лажен профил на претседателот Иванов кој се појавил на Твитер.

Профилот кој се претставува како претседател на државата објави дека имал телефонски разговор со грчкиот колега Павлопулос и дека на 7 март добил покана за средба на двајцата претседатели.

Ivanov-lazen

Стафансон првично напиша дека се работи за извонредно позитивен сигнал но подоцна сфати дека се работи за измама и избриша неколку твитови на оваа тема.

Извор:republika.mk

Коментирај